ДСП Ленка: Каква врска има Македонија со тоа каков однос имаат Русија и Косово
На социјалните мрежи ДСП Ленка објави:
Досега се изнаслушавме изјави од бугарски политичари:
Претседатели, премиери, пратеници, европратеници, опозиционери и кои уште не, кои изјавуваат и декларираат дека „Македонија е бугарска“, дека „македонскиот јазик не постои”, дека „историјата на Македонија е измислица”, и слични нео-фашистички и великобугарски изјави, но, сепак, албанските политичари и политички чинители не презедоа ниедна иницијатива, ниту се приклучија на таква со која се осудуваат и одбиваат ваквите империјалистички гестови од страна на Бугарија.
Ама затоа сега, за твитер објава на руската амбасада (патем земја што не го признава Косово, и кое се’ уште во меѓународната заедница има статус на делумно признаена држава), која напиша „Косово е Србија“, тогаш летаат изјави, барања за повикување на амбасадор, протестни ноти и што уште не.
Колку е само иронично, да си се родил, израснал, образовал и уште што не (ако сакате и плата земаат) од Македонија, ама кога некој ја негира Македонија уште и се ситат, но, ако некој го спомне Косово, е тогаш, почнува револуција.
Патем, свесни ли се од партијата Алијанса дека бараат од Македонија да осудува одредена држава за нејзиниот однос кон трета држава (Косово)?! Каква врска има Македонија со тоа каков однос имаат Русија и Косово?!