Инфлацијата во Македонија не може да се споредува и со земјите од Африка и Азија

  • Фејсбук статус на Мартин Димоски – советник во Општина Карпош од Политичката Партија Левица

Кога сме далеку од земјите од ЕУ, а се’ повеќе и од соседите (Западен Балкан), Македонија (не) може да се споредува и со земјите од Африка и Азија.

Стапката на инфлација во Македонија е поголема во споредба со најголем дел од земјите од Африка и Азија, а меѓу нив и повоените Либија и Авганистан како и Чад, Мавританија, Монголија, Мјанмар…

Доколку би се наоѓале во Африка, од вкупно 54 земји, според стапката на инфлација, Македонија ќе има помала стапка на инфлација само од 10 земји. Во Азија пак, само шест земји имаат повисока стапка на инфлација (Пакистан, Лаос, Иран, Шри Ланка, Сирија и Либан).

На глобалната ранг-листа, Македонија е на 29. позиција т.е. само 28 земји имаат повисока стапка на инфлација.

Владата засега против високата инфлација се бори само со изјавите на премиерот Ковачевски – „Носиме мерки за одржување на економскиот раст и во услови на најголема криза“ и „Економијата е стабилна“.