Со цел да ги намалат приходите на Русија, земјите од Г7 и Австралија се договорија да одредат фиксна цена за руската нафта

  • Пишува: Љубиша Петровски

Земјите од Г7 и Австралија се договорија да одредат фиксна граница на цените на руската нафта која редовно ќе се проценува. Ова ќе ја зголеми стабилноста на пазарот и ќе го намали приходот на Русија како дополнителен притисок, пренесува Ројтерс. Се додава и дека финализирањето на фиксната цена на нафтата се планира за крајот на ноември.

Оваа мерка се надоврзува на осмиот пакет санкции против Русија кој го воведе Европската унија и кој опфаќа:

  1. воведување на фиксни цени за руската нафта.
  2. забрани увозот на стоки од Русија во Европската унија во вредност од седум милијарди евра.
  3. на граѓаните на Европската унија ќе им се забрани да работат во административните органи на руските државни корпорации.
  4. се предлагаат и санкции против оние кои помагаат да се заобиколат постоечките рестриктивни мерки, и овие мерки нема да се однесува само на лица кои се наоѓаат во Русија.

Земјите од Г7 и понатака ќе продолжат да воведуваат санкции кон Русија како и кон други земји кои можат да ѝ дадат воена поддршка на Москва, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на земјите од Г7.

Рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ја идејата за ограничување на цените на руските енергетски производи, речe дека

„Русија нема да испорача ништо во странство, доколку е во судир сосопствените интереси“.

Со ваква одлука не се сложуваат сите во ЕУ. Унгарската министерка за правда Џудит Варга во интервју за National Interest изјави:

„ЕУ го напумпа глобалниот проблем со своите непромислени санкции против Русија, кои всушност највеќе и наштетуваат на Европа. Да, Русите продаваат помалку фосилни горива, но бидејќи цената се зголеми, тие заработуваат повеќе. Претходно вакви проценки за последиците од санкциите не беа правени. Антируските санкции само ја продлабочуват енергетска криза и инфлација, така да перцепцијата на  конфликтот во Украина од унгарска гледна точка е различна од општоприфатената европска“, изјави Варга.

Инаку западот со зголемување на притисокот врз Русија, доведедува до се повисоки цени на струјата, горивото и храната во Европа и САД со што финансиските услови во Унијата брзо се влошуваат, што е поттикнато од цените на енергенсите, за кои Заводот за статистика процени дека се за 41,9 отсто повисоки во однос на истиот месец лани.

Инфлацијата во блокот од 19 земји кои го користат еврото достигна досега највисоко ниво од 10,7 отсто во октомври, што е најголема инфлација откако еврото е воведено како заедничка валута.