АктуелноЛокално

Крмов помеѓу земјоделците за 11-ти октомври

  • Соопштение на политичката партија Левица

Пратеникот Борислав Крмов, денес помеѓу оризопроизводителите во знак на поддршка на нивниот протест.

Оние кои ја хранат нацијата и кои во минатото ја создале државата – работниците и селаните, денеска се користат за профит на политичарите и олигархијата.

Овој 11-ти октомври, на чесниот народ на македонската нација повторно паразитира крупниот капитал на домашни и странски центри, одземајќи му ја државата и достоинството.

Нашите храбри земјоделци – оризопроизводители денеска го блокираа магистралниот пат Кочани – Штип поради очајните цени за откуп на производството, токму на овој голем работнички, земјоделски и македонски празник!

Пратеникот Борислав Крмов, во Кочани со членови од тамошниот Локален огранок на Левица, оддадоа почит пред споменикот на првоборците Љупчо Сантов и Раде Мијалов – Кратовче во паркот на револуцијата во Кочани.

Македонија на Македонците, земјата на земјоделците!