АктуелноИнтернационалноСтав

Што претставува западизацијата?

  • Што претставува западизацијата: Глобализација, Хегемонија, Експлоатација, Империјализам – Пишува Реџеп Исмаил – Хактан – член на Президиумот на Левица

Пред се, западизацијата претставува империјалистичка политика на Колективниот запад, или пак малку по-специфично – глобална доминација во сите сфери на англо-саксонскиот свет. Притоа, треба да се забележи дека овој вид на империјализам не претставува само пракса на присвојување на територија, како што тоа беше случај во класичната доба на колонијалниот империјализам, каков што на пример бил империјализмот на конкистадорите и британците, кои, преку брутални геноцидни политики, практично истребија најмалку 10-тина култури за многу кратко време; освојувајќи ја нивната територија, врз нејзе воспоставија свој облик на државност (пол.заедница), наметнаа свој јазик, своја култура и своја религија. Не, ова не е таков отворен вид на империјализам, ова е сеопфатен вид на доминација, или како што Зиновјев тоа го поттцртува, тоа е социолошка супремација на Западот.

Новиот вид на империјализам е комбинација на економска, политичка и културолошка доминација. Овој вид на империјализам во светот (надвор од евроцентричниот свет во кој ние сме заглавени) пежоративно се нарекува уште и „американизација“, или кај нас тоа би било „европеизација„ (оти бугаризација, нели… а кој сака да биде бугарин, па дури ни Цар Фердинанд).

Дали западизацијата е глибализација? Да! Но, основите на тој процес, не само што произлегуваат од Западот, туку и истите се реализираат со силата на Западот – најчесто воената сила – и сето тоа првенствено во негов интерес, а на штета на останатите народи и нации. Притоа мора да се нагласи дека „западизацијата„ е различен феномен од „западот“. Западизацијата е економска, воена, политичко-културолошка суперсила која се наметнува во целиот свет со тенденција да формира привилегирано „супер општество“ од една страна, додека од друга, да воспостави „масовно општество“ на потрошувачи, чии конституенти ќе бидат потчинети и лишени од суверенитет над својата политичка заедница. Сето ова се спроведува и оправдува во име на еуфемизми, како демократија и човекови права, кои се појавуваат во улога само како идеолошка надградба на нивниот главен интерес – економска корист и доминација.

Целта на западнизацијата е да ги доведе потенцијалните жртви до таква состојба што би загубиле секаква способност за самостоен развој, па да се најдат вклучени во сферата на влијание на Западот, притоа, не во улога на рамноправни партнери, туку во улога на сателити, или подобро кажано, колонии од нов тип. Да не ви звучи познато? Случајно да не се пронајдовте некаде?. Чекајте, има уште, а тоа е дека западизацијата нужно не исклучува доброволност од страна на земјата што бидува западнизирана, напротив, овој процес поттикнува дури и страсна желба да се појде по тој пат.

Или што би рекол песникот на револуцијата, Назим Хикмет, во својата поема обраќајки се до угнетениот а политички несвесен човек, „Најчудниот створ на светот“: Како овца си бре братче, Штом овчарот ќе соа крене, Ти веднаш кон стадото се приклучуваш. Па дури и речиси горделив втрчуваш. Односно, на државата што на ваков начин, под нео-колонијалниот империјализам на Западот, и е оттргната сушноста и политичкото битосување од нејзините претходни врски, и се остава само некаков привит на суверенитет, но во суштина, таа не е ниту политички субјект, особено не на меѓународната сцена во односите со други држави.

Се на се, навистина е морничава приказната за реализацијата на ваквиот империјализам, како монокултурен експанзионизам на Западот, кој колуминираше дури со комплетно уништување на автохтоно насление на цел еден континент – Абориџините во Австралија. Ваквиот тип на империјализам продолжува и денеска, со таа разлика што овој пат тој има планетарна мисија.

Најповеќе загрижувачки е што неговата „планетрана цивилизаторска мисија“ не само што критички не се обзервира (бар во интелектуалните круговите од западната хемисвера) туку напротив, таа дури и се поттикнува и оправдува со силни овации и пофалби. Глобалната стратегија и рамка како и траекторијата на односите меѓу народите е епитомизирана од воено најмоќната држава, САД, и околу оваа империја налепените сателит државите под чадорот на воениот сојуз НАТО; држави кои постојат во најразлични класи (Македонија е во класата на големото ништо, се разбира). Авангардата на земји под овој чадор прогласувајќи се за создавачи и чувари на одреден сет вредности – било тоа да се демократија, човекви права, пол.системи, хуманизам, па дури и јудео-кристијанството – тие, универзалицирајќи ги овие вредности истите ги претставуваат како врв на човековата цивилизација и по секоја цена и со сите сили се обидуваат да ги наметнат на планетрано ниво.

Секако, двојните аршини при нивното спроведување по светот се нормална појава, оти во крајна инстанца нивниот фокус не е на вредностите, тие посекако се само изговор за експлоатацијата и варварска пљјачка. Сето ова, со сета намера и цел на ваквата супремација, беше и најавена од двајца бирократски исфорсирани интелектуалци, чинам и двајцата како чиновници на воено најмоќната држава САД, Френсис Фукојама и Самјуел Хантингтон, чии расистички и арогантно-супрематистички ставови беа мејнстримизарни се додека не ги окупираа академските институции од областа на општествените науки на целиот западен свет.

Првиот, Фукојама, ни помалку ни повеќе, прогласи крај на историјата?! Но која и чива историја? Па се разбира, онаа наспроти западниот свет! Тој едноставно укажа на тоа дека, сите култури, држави, народи и традиции кои досега се развивале, сега веќе тие форми на развиток завршиле. Притоа, оставајќи простор да се подразбира дека иднината единствено и припаѓа на либералната демократија скорена по западните стандарди (читај интереси). Значи, Фукојама сугерира, наместо сите овие да продолжат да градат идентитет, да гаат и развиваат култура интрадиција, да графат институции и слично, тие едноставно треба да се препуштата на прецизните директиви на големиот „цивилизатор“ и да се потчинат на неговата волја во расудувањето на доброто и лошото за самите себе.

Просто, Фукојама, во својата фамозна книга, „Крајот на историјата и последниот човек“, на народите ширум светот им објавува политичко откровение кое, дословно гласи вака:„Она на што сме сведоци не е само крајот на Студената војна, ниту пак крајот на некој посебен дел од поствоената историја, туку тоа е крајот на историјата како таква… Тоа значи, сведоци сме на крајната точка на идеолошката еволуција на човештвото и универзализацијата на западната либерална демократија како финална форма на човечката власт“ ?!

Фукојама сака да каже, дечки, вашата историја заврши, нека, нек краси музеи и библиотеки, но од сега друга историја, сега ќе ве колонизираме, за ваше добро секако! Ете токму на овој начин, со давањето морална, историска и политичка оправданост на САД да ги наметне своите вредности, се случија и бомбардирањата на низа земји чии режими беа сменети преку крвави преврати, а општествата на истите никогаш не го повратија стариот сјај. Другиот прото-тип на авторитет во општесвените науки, исто така дел од бирократската номенклатура на државата хегемон, Самјуел Хантингтон, во својата теза „Судирот на цивилизациите“ нестабилноста во геополитичките односи ја гледа како неминовна, но дури и не поради инхеретната разлика во цивилизациските вредности на различните народи, туку баш во евентуалниот отпор на некои од државите различни од неговата цивилизација – Колективниот запад.

Имено, Хантингтон, се заканува дека, тие што нема да подлежат под цивилизациските вредности едноставно воено ќе бидат принудени да ги присвојат, ќе бидат социјално лоботомирани или пак дури и физички уништени. Имено, Хантингтон, го гарантира судирот само поради тоа што верува и поттикнува на тоа да неговата „цивилизација“ е спремна и решена по секоја цена да го наметне новиот светски поредок, кој Хантингтон за да морално го оправда го замислил крстејќи се вероватно пред статуата на слободата. Притоа, истите образложение како и кај Фукојама, сите без исклучок се само уште една од низата на варијации на изгворите за оправдување на воените интервенции и окупации и разно-разните присилби ширум светот. Епитомите на овие двајца интелектуално корумпирани апологети на империјализмот денеска можат да се видат и во однос на конфликтот во Украина. Тие арогатно одбиваат историски да го согледаат она што Русија ја загрижува и, практично ја доведе до ѕид да мораше да интервенира со Специјална Воена Операција. Епитомите на божицата Европа на ова ќе рикнат: “ама Повелбата на Обединетите нации…”!

Да, Повелбата на Обединетите нации забранува акти на агресија од една нација врз друга со цел заземање територија со сила на оружје, но сепак овие формалистички факти се неповолни за дефинирање на перцепцијата. Од призма на историјата, токму обратното е случај. Реалноста е дека од распадот на Советскиот Сојуз на крајот на 1991 година, САД и нивните европски сојузници обединети во НАТО, заговараа да ја потчинат Русија, во обид да се осигураат дека рускиот народ никогаш повеќе нема да може да постави геополитички предизвици на американската дипломатја и аспирација генерално, а која пак е дефинирана од хегемонијата со „меѓународен поредок заснован на правила“ што му беше наметнат на светот по Втората светска војна.

За преседаните на прекршување на оваа Повелба токму од страна на Колективниот запад, не вреди и да се зборува, тоа и на птиците им е јасно. Ете оттаму е хистеријата на Колективнниот запад во однос на Русија, токму затоа што ваквиот влажен сон стана кошмар на Европа, а со време претендира и да постане кошмар за самата империја САД – се охрабруваат и другите народи кои не сакаат и не можат да егзистираат во тоталитарниот либерално-демократски режим на Западот. Од овие дни светот веќе почна да се издефинира на линија на мултиполарноста, но за жал, во тие превирања, први страдаат периферните послушници на ваквата нео-колонијалистичка и супрематистичка позиција на глобалниот хегемон, кој одамна нема што да слушне од било која меѓународна иституција, затоа што ретко која и од ваквите институции (ОН, ЕУ, УЕФА, ММФ, Светска Банка и слични) остана под слободно убедување и без влијание од хегемонот САД заедно со своите слепи поддржувачи од ЕУ.П.С.

Империјализмот е највисокиот стадиум на капитализмот, а пак капитализмот во криза, при обид да се одбрани од наездата на работниците, угнетените и безимотните, завзема фашистичка форма. Смрт на фашизмот и сите негови современи облици и деривати слобода на народот!