(Видео) Ако Владата може да го укине договорот за добрососедство – може и народот на референдум
- Секвенца од гостувањето на пратеникот Борислав Крмов во вечерашните вести на ТВ Сител.
„Член 13 од Договорот за добрососедство дозволува со писмен допис, било која од двете страни, и Република Македонија, и Република Бугарија, да го укинат договорот.
Владата е еден вид трети чекор од суверенот, од народот, бидејќи народот на непосредни избори го бира Собранието, кое после непосредно ја бира Владата.
Како е можно Владата со еден обичен писмен допис да УКИНЕ договор, а да не може народот, од кој што всушност нели и Владата, и Собранието црпат легитимитет?”