(Видео) Кина до САД: Кој си игра со оган, ќе се изгори

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана отворено изјави дека е време Тајван да се врати каде што припаѓа. Тој директно ги осуди САД за отворената поддршка и најавите за интервенција доколку Кина примени сила.

Како што изјави, тој, „кој си игра со оган – тој и ќе се изгори“.

Неодамна кинескиот амбасадор во Вашингтон, Чин Ганг, во интервју за американската радио станица НПР порача дека поддршката на Вашингтон за аспирациите за независност на Тајван се закана за оружен конфликт меѓу САД и Кина.

Доколку тајванските власти, охрабрени од САД, продолжат на патот кон независност, тоа најверојатно ќе ги вовлече Кина и САД во оружен конфликт – истакна Чин.

Дипломатот го нарече Тајван „најголемото буре барут“ во односите меѓу Пекинг и Вашингтон. Тој нагласи дека Кина е посветена на мирно обединување со островот, но нема да се откаже ни од воените средства, ако биде приморана на такво нешто.



Извор: https://infomax.mk/