АктуелноЛокално

ИВЗ и МПЦ – со помош на државата одржуваат монопол врз духовноста!

Кога се работи за принципот на секуларизам (одвојување на владините институции, како и личностите одредени да ја претставуваат државата, од религиските институции и религиските достоинственици) во денешното неолиберално општество слободно може да се каже дека тоа е само уште една про форма како многу други декларации на модерната. Такви уште се на пример флоскулите дека институциите се непартиски и избраните (партиски!) позиционери се служители на сите граѓани а не на теснопартиските интереси на нивните раководствата. Или пак дека пратениците во парламентот се независни од политичките партии или дека секој има право и можност да избере каде и како ке живее и каде ќе се образува, притоа намерно игнорирајки ги финансиско-материјални ете ограничувања што стојат како препрека при ваквите и слични можности за „избор“ на граѓанинот.

Како и да е, има многу што да се зборува за неслободата во капиталистичкото политичко опкружување, сепак тука би сакале да се фокусираме на слободата на религиско здружување и верско заедничарење.

Во Македонија со секуларноста има една доста чудна ситуација. Имено, секуларизмот кај нас не само што е поткопан со интензивната соработка на политички план помеѓу црквата и државата (односно партијата на власт) туку тие навистина си ги поделиле двата света (духовниот и материјалниот) така оперативно што конкуренцијата која што би можела да се појави во нивните свери на влијаниа, настапуваќи солидарно една за друга брутално ја уништуваат. Тоа е особено забележително при државната помош на црквата/џамијата за таа да си го очува монополот (на духовноста) во „својот“ свет.

Една од последиците на меѓусебната соработка на државата и главната црква/џамија беше бруталното задушување на религиската заедница ПОА (Православна Охридска Архиепископија) како и континуираното стихијно бришиење на суфитската традиција и култура во македонија.

Пред скоро време Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда каде Владата на Република Македонија се задолжува да исплати 9.500 евра обештетување на Охридската Православна Архиепископија (ПОА) поради тоа што одбивајки да ја регистрира оваа заедница како посебна религиска црква била прекршена Европската конвенција за човекови права. Припадниците на оваа посебна религиска заедница на чело со нивниот водач Архиепископот Јован покрај тоа што преку административни бариери се дискриминирани во својата слобода за религиско организирање тие уште и се под континуирана јавна стигматизација за која институциите апсолутно немаат никаков слух. Напротив, Архиепископот Јован и неколкумина негови соработници во сомнителна судска постапка и со недоволни докази беа осудени за криминални дејствија „проневера на пари“ во предмет кој тенденциозно беше наречен „расколник“. Случај за кој тогаш реагираа неколку меѓународни институции. Другите припадници на ПОА од понизок ранг  пак беа дури и физички нападнати и прогонувани од своите манастири а нивните имоти запленувани.

Сличен спор се води и помеѓу ИВЗ (Исламска Верска Заедница) и Бекташиската заедница која е со седиште во текето (суфитски храм) Арабати Баба во Тетово. Објектот датира од почетокот на шеснаесеттиот век, во кое егзистираат уште многу мал дел дервиши припадници на оваа религиска заедница. Во сиве овие години од самостојноста на Р. Македонија,бекташиите од ова теке се соочуваат со големи притисоци од страна државата, се разбира по налог на ИВЗ, која ги попречува да се регистрираат како посебна верска заедница, бидејќи таа сака да држи монопол над остатоците на тарикатската (суфитска) култура, а во позадина зад сето тоа, се разбира, стои финансиската корист која што ИВЗ би ја претрпела доколку го изгуби правото на сопственост над Арабати текето. Членовите на оваа заедница се потиснати само на четвртина од просторот кој го има текето. Тие секојдневно се соочуваат со закани и кражби кои им се вршат ради притисок. Дури се жалат дека имало и обиди да бидат спалени додека спијат. На сето ова државните органи поради немање на општествена свест и атрактивност на ова прашање, не преземаат ништо за заштита и решавање на случајот. Напротив, поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи склучува договори со турската државна агенција за развој кои што опфаќаат целосна реконструкција на објектот како османлиско наследство на ИВЗ.