(Видео) Бајден е воен злосторник – изјави Роџер Вотерс фронтменот на „Пинк флојд“
Роџер Вотерс фронтмен на култната „Пинк Флојд“ е на турнеја низ САД, на чии концерти на голем екран се појавува слајд шоу со слики на разни личности означени како „воен криминалец“, меѓу кои се појавува и ликот на претседателот на САД, Џо Бајден.
Во синоќешното интервју со Мајкл Смеркониш, новинар и водител на Си-ен-ен, Вотерс го бранеше етикетирањето на Бајден како воен злосторник.
Во слајд шоуто претседателот на САД се појавува веднаш по неговиот претходник, Доналд Трамп, меѓу другите личности, со порака до концертните фанови дека сегашниот претседател „само што почнал“ со воените злосторства.
Во разговорот, Смеркониш, кој веднаш истакна дека е обожавател на музиката на Вотерс, но дека со него не споделува повеќе политички ставови, музичарот беше прашан зошто смета дека Бајден треба да биде дел од таа навредлива концертна презентација.
Па, за почеток, тој го разгорува огнот во Украина – тоа е големо злосторство. Зошто Соединетите Американски Држави не го охрабрат (украинскиот) претседател (Володомир) Зеленски да преговара, за да нема потреба од ова ужасна и грозоморна војна која убива… не знаме колку многу Руси – рече Вотерс.
Смеркониш одговори посочувајќи му на Вотерс дека тој „го сфатил ова погрешно“ и дека музичарот греши кога „ја обвинува страната која е под инвазија“. Вотерс го бранеше својот став со зборовите „па, секоја војна, кога почнува? Треба да се вратиш назад во историјата и да кажеш, почнала на овој ден“.
Може да се каже дека почна во 2008 – оваа војна е во основа акција и реакција на притисокот на НАТО директно до границите на Русија, што тие ветија дека нема да го прават кога (последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил) Горбачов преговараше за повлекување на СССР од Источна Европа.
Смеркониш, зачуден од ваквите ставови го наговараше Вотерс да ја прифати како „ослободител“ улогата на САД во војната меѓу Украина и Русија, на што Вотерс мослкавично одговара дека „вие немате улога на ослободители. Што зборуваш“?
Смеркониш ја става на маса темата за Втората светска војна како пример, нo Вотерс брзо ја отфрли велејќи дека „вие (САД) влеговте во Втора светска војна поради Перл Харбор. Вие бевте комплетни изолационисти сѐ до тој тажен, уништувачки и грозен ден (неразбирливо) – во 1941“.
Посочувајќи дека татко му на Вотерс загинал во војната, Смеркониш се обидува да реплицира со „би сметал дека кога и да е ние ќе се вклучевме (во војната) но (Перл Харбор) не турна побрзо. Но, фала Богу Соединетите Држави влегоа во војната, нели е така“?
Вотерс повторно отфрла со „но, фала Богу Русите веќе речиси победија во крвавата војна, до тогаш. Не заборавај, 23 милиони Русија загинаа во војната бранејќи ме мене и тебе од наци заканата“.
Кога Смеркониш се обиде да поентира дека Русите би требало да ја научат лекцијата од војната и да не ја напаѓаат Украина, Вотерс туторски му вели „Мајкл, со сето твое читање, те советувам да одиш и да почиташ уште малку и тогаш да се обидеш да сфатиш што САД би направиле ако Кина постави нукларни проектили во Мексико и Канада“.
Разговорот продолжува без совпаѓање на ставовите и за човековите права, американската војна во Авганистан и Ирак, Кина и Тајван.
Турнејата на Вотерс е наречeна „Ова не е воена вежба“ (This is Not a Drill) и деновие се одвива во повеќе градови низ САД. На 16 август тој настапува и во престолнината Вашингтон. На шоуто се зборува и за полициското насилство врз Афроамериканците, полуавтоматските оружја, за абортусот и сето тоа се покажува на огромен видео екран во форма на крст.
Веста е превземена од infomax