На денешен ден издаден е „Комунистичкиот Манифест“ на Маркс и Енгелс
На барање од „Сојузот на Комунисти“, тогашна интернационална политичка партија, Карл Маркс и Фридрих Енгелс го пишуваат „Комунистички манифест“, издаден во Лондон на 21 февруари 1848 година. Манифестот, во кратка форма (30-тина страни), без да навлезе во премногу детали и да избега од својата манифестна природа, го објаснува научното гледиште на Маркс и Енгелс за природата на општеството, политиката и економијата – историскиот дијалектички материјализам.
Манифестот започнува со фамозната реченица: „Сениште демнее над Европа – сеништето на комунизмот“ алудирајќи на стравот што се јавува во сите владеачки класи во Европа од работничка власт. Истиот пак завршува со „Пролетери од сите земји, обединете се!” како повик за акција кон работниците од целиот свет да изградат работнички општества кои би го започнале патот кон комунизмот.
Манифестот се смета за едно од највлијателните дела во областа на политичката наука и филозофија.
Целиот Манифест можете да го најдете тука.