Крмов: ДУИ го штити палењето на трската во Струга!

Зборувајќи за Законот за легализација на дивоградби, пратеникот Борислав Крмов образложи дека недозволива е легализацијата во заштитени подрачја само со дозвола на Министерството за животна средина, при што дополна дека за запалената трска во Струга било реагирано од ДУИ до Министерството да не се преземаат дејствија за откривање на сторителот.


Најспорни членови се Член 17, кој што го оспори Пендаровски, каде може да се легализираат дивоградби на природни резервати, на национални паркови, споменици на природата, заштитени предели и извори на вода, значи од места каде што пиеме вода, само со дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое што јас морам да кажам е узурпирано од ДУИ веќе подолго време.

Еве скоро имаше запалени трски во Струга и тоа редовно се случува секоја година и нема никаква реакција.

Левица имаше и соопштение, ние имавме и дојава од институциите дека пробале да постапат по палењето на трските, и веднаш било реагирано од министерството да се спушти топка, затоа што се работи за локални големци на ДУИ.