Клубот „Ванчо Михајлов“ треба да престане да постои
- Фејсбук статус на Јован Краjевски – Координатор на Левица – Сектор политичка-економија
Критиката на делото на Ламбе (засега) од страна на либералите се содржи во повтурување на неколку тези.
1.Клубот „Ванчо Михајлов“ треба да престане да постои. Почнуваме со „доказот“ дека либералот е анти-фашист. Се изјаснува дека сепак е на анти-фашистичката страна. И супер, клубот „Ванчо Михајлов“ треба да престане да постои. Но, како до негово непостоење?
Претседателот Пендаровски нема ништо против него, напротив има против неговото непостоење, како што докажа со неговата осуда на палењето на клубот и неосуда на палењето на канцеларијата на Претседателот пред 6 години. Премиерот Ковачевски е на истиот став. Опозиционерот Мицкоски иде да баци рака во Софија. Тимчо се спрема да е новиот Димитров. ДУИ се балисти.
Некој од овие ли треба да го укине „Ванчо Михајлов“?
Човекот што рекол „гравитација не треба да постои“ не е иноватор. Тој што ја покорил гравитацијата и измислил авион е иноватор. Така и тој што вели дека фашизмот не треба да постои не е анти-фашист, бидејќи (во најмала рака) треба да се бори против него за да се стекне со таква одлика.
2.Ламбе веројатно не е искрен патриот/анти-фашист и ова го прави за кариера.
И што има врска? Најдете искрен патриот/анти-фашист што ќе го запали клубот, па него нека го има по весници. Сега за сега, ќе играме со картите кои ни се поделени, пошто подобри нема.
3.Палењето не е нешто за гордеење?
Палењето, само по себе, нема квалитативна одлика на добро или лошо. Лошо ли е палење оган за греење? Добро ли е палење оган за да на тоа место никне зграда?
Или ај со уште поекстремен пример. Убивање е нешто за гордеење? Ние, како АСНОМ-ска нација, се гордееме и ги славиме партизаните кои убивале фашисти. Од друга страна, не се гордееме со фашистите кои убивале евреи. Знаеме дека двете не се исти т.е. дека секо убиство не е исто – има врска контекстот.
Така и со палењето. Само по себе, ниту е, ниту не е за гордеење. Но, палењето на фашистички објект е за гордеење.
4. МВР се глупи, трчаат да се пофалат обичен граѓанин дека уапсиле, а не го апсат Петко или Станко што прави големи криминали.
Неопходен е и доказ дека либералот не толку многу ја „мириса“ полицијата. За да покаже „здрав сомнеж во авторитетот“. Подоцна ќе се покори на истиот, и на државниот апарат, и на полицијата, и на сè.
Но, Ламбе не е обичен граѓанин, туку е горе-доле попознат музичар. И токму тоа е поентата на МВР. Убаво си пиша Спасовски – не е битно кој си, правото ќе те стигне. Тоа што не го пиша е дека правото е вољата на владеачката класа преточена во закони. А вољата на владеачката класа е нацијата да коленичи пред фашизмот.
Со тоа што Ламбе се апси, МВР, наместо глупа, праќа јасна порака – не ми е битно кој си и што си, ако се спротивставиш на фашизмот, ќе те најдеме и ќе ти е*еме мамата.
Но, како што прогресираше либералната критика за Преспанскиот договор („небањатите вмроњи“ се параноични дека името ќе се мења -> лоша е промена на името, ама зарем името ќе ни ги плаќа сметките? -> ЕУ е битно да влеземе, НАТО е предуслов за ЕУ -> може сме северномакедонци, ама барем јазикот не ни го чепкаат), така и оваа ќе прогресира. Ќе прогресира до конечна осуда на секој анти-фашистички чин како чин еднаков (или полош!) на фашизам.
Затоа, другари, борба рамо до рамо со либерали – јок!