АктуелноИнтернационално

Лавров: Западот прогласи тотална војна против Русија

На состанокот на Советот на началниците на Уставните територии на Руската Федерација, Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека со овие постапки Западот прогласи тотална војна не само против Русија, туку и против рускиот свет воопшто.

„Западот прогласи тотална војна кон нас, кон рускиот свет. Никому ова не му е некаква тајна“ – констатираше Лавров

Министерот предупреди дека Западната политика на „отфрлање“ на Русија која интензивно започна последните два месеци, нема да биде прекината наскоро и ќе продолжи да трае уште долго.

„Културата на отфрлање на Русија и сè што е поврзано со нашата земја достигна точка на апсурдност. Се забрануваат и такви класици како Чајковски, Достоевски, Толстој и Пушкин. Во тек е прогон против руската култура и уметнички работници. Генерално, може да бидете сигурни дека оваа состојба ќе трае“, – изјави Лавров.

Во продолжение тој констатираше дека сите универзални вредности промовирани во изминатите 30 години се погазени, и дека дури сега може да се види вистинското лице на Западот.

„Мора да сфатиме дека ова го изложи вистинскиот став на Западот кон убавите пароли што беа изнесени пред 30 години по завршувањето на Студената војна, повиците за универзални хуманитарни вредности, за градење заеднички европски дом од Атлантикот до Пацификот. Сега можеме да ја видиме вистинската вредност на овие убави зборови“, рече Лавров.