Тамара Јованов: Скриени опасни пораки, во пресот на министерот за внатрешни

  • Фејсбук статус на Тамара Јованов – Апасиева –  Професорка на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – во Штип 

На пресот вчера, не се пропушти можноста да се политизира случајот и тоа токму од страна на оние кои повикуваат истото да не се прави.

Притоа, до јавноста беа пратени суптилни, но крајно опасни пораки!

1. Случајот и профилот на осомничениот убиец се искористија да се нападне наративот против НАТО и ЕУ во стилот “бидејќи тие го имале тој наратив, а сега се убијци, тој наратив е криминал сам по себе; или обратно – бидејќи го имале тој наратив, тие се и убијци!”

Ова е класична грешка во изведување заклучок позната како погрешна причина или погрешно наведување, крајно опасно, затоа што го кажува Министер за внатрешни, кој суптилно сугерира дека наративот против нато и еу нема да се толерира!

2. Министер најавува дерегристрација на партија?! поради дела извршени од членови на партија.

Од кога тоа, министер и власт дерегристрира партии заради дела на поединечни членови?!

Дали во таков случај не треба прво да се дерегистрираат сдс и дпмне, од чии редови потекнува, соработувал со нив и бил на позиции осомничениот убиец или било кои други криминалци претходно осудени?!

Ова е опасен преседан, бидејќи Министер се става над судство (партии се креираат по одредени правила и закони) и си дава за право да се меша во уредувањето по принципот на парламентарна демократија, со двојни аршини за својата, наспроти другите партии!

Кој може да гарантира дека ваков преседан нема наменски да се користи за пресметка со било кои политички неистомисленици?!

Паралелно со овие пораки, од страна на приврзаници на власта, во јавноста веќе се пласираат тези дека некој начин на говор од политичари е директен причинител за појавата на вакви криминалци во општеството (без научни докази секако), а притоа сосема “случајно” занемарувајќи го факторот “рушење на системот од досегашните власти за лично богатење и моќ” како основа за најголемиот дел од дегадацијата кој ја живееме секојдневно, во секој поглед.

Чисто да се потсетиме, над 30 години веќе, власт си менуваат де сдс де дпмне, а резултатот го гледаме сите.

И за да биде потрагично, тие сега се главните морализатори, оти им се може, оти медиумите, како и се покрупно и поважно во државата е нивно!

Да се разбереме, трагедијава е неопислива, но да бидеме внимателни во судовите, резонирањето во однос на се’ што ни се пласира, како и што бараме, затоа што се докажало дека власта наменски злоупотребува вакви ситуации за да крои политики кои нејзе и’ се во полза.

Затоа, да не сркаме се’ што ќе ни се надроби, ами да МИСЛИМЕ и на причините, последиците и големата слика за општеството во кое живееме.

Далеку е од црно – бело и едноставно!