АктуелноЛокално

Апасиев: Судиите ќе добијат повисоки плати на Куково лето

Откако по губењето на мнозинството во Собранието Фадил Зендели беше незаконски разрешен на собраниска седница од член на Комисијата за избори именувања, од Левица поднесоа иницијатива до Уставен суд.

Причината за оваа иницијатива е фактот дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа го крши уставното начело на уставност и законитост.

Во иницијативата се бараше Уставниот суд да ја поништи одлуката во целост, со ретроактивно дејство од причини што смета дека постојат неотстранливи формално-правни и материјално-правни причини за негова ништовност, коишто биле во спротивност со Деловникот на Собранието, Законот за пратениците и Уставот на Република Македонија.

Откако оваа иницијатива вчера се најде пред Уставните судии беше донесена одлука дека Уставниот суд се прогласува за ненадлежен за одлуки на Собранието.

Ваквата одлука наиде на негодување во јавноста, која на неодамнешното истражување констатираше доверба од само 8% во македонското судство. Меѓувремено, при ваква констелација на нештата, од судиите беше побарано зголемување на нивната плата, точка која треба да се на дневен ред во Собранието. Во таа насока на социјалните мрежи се огласи пратеникот Апасиев.

Уставен суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
Управен суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
Основен суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
Левица прогласува дека законите за повисоки плати на судиите ќе поминат на Куково лето.