АктуелноЛокално

Во Бугарија се крадат украински регистарски таблички заради бесплатен паркинг

За разлика од сите странци во Бугарија на кои вообичаено на времето им ги крадеа колите, на украинските бегалци кои успеале да спасат жива глава и да стигнат во Бугарија со кола Бугарите почнаа да им ги крадат регистрациите.

Бугарите откриле дека како дел од пакетот за бегалци од Украина, бугарската влада им овозможила на сите украински автомобили бесплатно да се паркираат каде сакаат низ Бугарија (на обележени паркинзи).

По оваа информација Бугарите почнале да крадат украински таблици за да го искористат истото олеснување.

„Регистрациите на возилата постојано се крадат. Во прво време не ни беше јасно што е работата. Излезе дека возилата со украински таблици можат бесплатно да паркираат. Бугарите ги земаат украинските таблици и ги ставаат на своите возила за да не паркираат. Потоа ги фрлаат регистрациите,“ изјавила Украинката Светлана од Харков, моментално сместена во Сончев брег.

Жената исто така се пожалил дека бугарската полиција не е нешто посебно потресена околу проблемот, и дека Украинците треба да нарачуваат дупликат таблици од Украина.

До сега има над 6,6 милиони бегалци од Украина, од кои неполни 98.000 се во Бугарија.

Веста е превземена од Off.net