Видео од убивањето ирачки цивили заради кое е уапсен Асанж

Вчера беше уапсен Асанж, основачот на непрофитната организација Викиликс, преку кои информации целата светска јавност дозна за злосторставата на американската влада и нејзините сојузници во таканаречените хуманитарни интервенции. Во 2010 година, Асанж го објави видеото каде се гледа како американските војници намерно убиваат 18 ирачки цивили, при што дел од нив се смеат на снимката. Иако на снимката се зборува дека има и повредени деца, се слуша команда дека не смее да се однесат во болница, проследена со краток коментар “нивна е вината што носат деца во воено поле”. Тогаш Асанж изјави: „Ако овие убиства се законски и во согласност со правилата на властите, тогаш правилата на властите се многу погрешни.” Истата година Викилиск започна со објавување на десетици илjади документи кои сведочеа за злосторствата на американската војска врз цивилно население и за бруталната дипломатија која ја води САД.  

Во објавените документи од Викиликс беше објавена и кореспонденција од 2008 година помеѓу оперативец на ЦИА и тогашниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер. Во оваа кореспонденција Рикер бара заштита за неговиот „крт“ во Македонската влада – Никола Димитров. „Сегашниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров се води како „заштитен“ извор на американската амбасада два пати во 2008 година, откако обезбедил информации за грчко-македонскиот спор за името и НАТО и ЕУ интеграциите“, пишуваше Викиликс.

Во продолжение е видеото насловено како „Колатерално убиство” кое го објави Асанж и заради кое беше гонет од американските власти. [ВНИМАНИЕ! Видеото е со чувствителна содржина]