По иницијатива на Левица, Уставните судии денес ќе решаваат за разрешувањето на Зендели
Разрешувањето на Фадил Зендели на собраниска седница од член на комисијата за избори именувања денес е пред Уставните судии.
Левица која ја поднесе иницијативата смета дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа е спротивно на уставното начело на уставност и законитост.
Со оваа иницијатива од Уставниот суд се бара да ја поништи одлуката во целост, со ретроактивно дејство од причини што смета дека постојат неотстранливи формално-правни и материјално-правни причини за негова ништовност, коишто биле во спротивност со Уставот на Република Македонија, Деловникот на Собранието на Македонија и Законот за пратениците.
Во наводите на иницијативата пишува дека оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми.
Разрешувањето на Зендели власта реши да го направи на седница, бидејќи откако БЕСА ја напушти Владата, опозицијата во оваа комисија имаше мнозинство. Неизврсно е дали Уставниот суд ќе има мнозинство за одлука.