АктуелноИнтернационално

Три американски компании откупиле 17 милиони хектари земја во Украина

Пишува: Никола Петров, Координатор на Левица – Сектор туризам

Украина ја откупи Америка.

Дали знаете зошто САД испраќаат толку оружје во Украина? Не за христијанска добрина, бидете сигурни. Едноставно затоа што 3 големи американски мултинационални компании купиле од Зеленски 17 милиони хектари убава земја.

Станува збор за Каргил, Дупонт и Монсанто (кој формално е германско-австралиска компанија но со американски капитал). 5% од украинското земјоделско земјиште подоцна било откупено од Кина.

За да разберете колку се 17 милиони хектари, замислете ја цела Италија да е земјоделско земјиште.Значи, три американски компании купиле во Украина поширока корисна земјоделска површина од цела Италија.

А кои се акционерите на овие три компании?

Секогаш истите: Вангард, Блекрок, Блекстоун. Односно, истите три финансиски компании кои исто така ги контролираат сите банки во светот и сите големи воени индустрии во универзумот.
Ова е причината зошто сточната храна (Каргил и Дупонт) и ѓубривото (Монсанто-Бајер) претрпи сензационално зголемување на цената уште од пред војната, затоа што веќе знаеле сè.

А дали знаете кога ќе заврши војната? Кога големите финансиски компании ќе се ослободат од залихата на оружје при што не терат нас глупавите Европејци да го плаќаме и купуваме, кои веќе сме исцедени од истите тие кои во меѓувреме шпекулира со цената на пченицата, оризот, храната, ѓубривата.

Разузнавачките агенции поттикнуваат војна. И Бајден сака војна. Се разбира, тој беше избран од величествените тројца.Но, на крај, се прашувам, што ќе направат со сите тие пари – Бафет, Сорос, Гејтс – кои во трите големи финансиски компании се очигледно скриените партнери? Ќе јадат ли банкарски гаранции и хеџ фондови? Господи Боже.