Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде кооперативната страна во уште едно предавство на македонскиот народ?
- Реакција на Левица – Сектор Надворешна политика
Во изминатите триесет години државна историја, македонскиот Устав е менуван повеќе пати. Потсетуваме, при последната промена, конститутивните елементи како името на државата и АСНОМ беа избришани, а наместо нив беше внесен „Охридски рамковен договор“, потпишан под закана од страна на Западните империјалисти, кои застанаа во одбрана и заштита на терористички групи кои извршија агресија врз Македонија.
За жал, речиси при секоја уставна промена македонскиот народ губи дел од себе и од сопствената државност, додека на сметка на тоа профитираат соседните држави или политички партии со трибалистички барања кои се претставуваат како ултимативни претставници некој од етничкиот малцински народ во Македонија.
Преговорите со Бугарија, за чии негативни импликации предупредуваше Левица и воедно бараше тие да бидат прекинати, се приближуваат до наплатување на цехот, а квислингшката Влада, предводена од ДУИ и СДСМ која реди бројни неуспеси, спремна е овој цех со еутаназија на сопствената држава да го плати.
Со денешната констелација на политичките сили во Собранието, процесот воден од анти-македонските нагони на владејачката гарнитура не може да биде реализиран, освен ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш не се покаже конструктивна, кооперативна и оперативна, како претходно, кога се менуваше Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.
Во последните неколку месеци, сведочиме како индициите кои намигаа на уставни измени, стануваат уште една „нова реалност“ за ВМРО-ДПМНЕ. Следејќи ги изјавите на нивниот лидер, Христијан Мицкоски, како и на претставниците од раководството на партијата, македонскиот народ стравува од нова уставна промена која ќе кастрира уште еден дел од македонската самобитност.
Левица, цврсто стои на ставот дека не смее да се дозволи квислингшката Влада да спроведе уште едни уставни промени кои Македонците ги прават граѓани од трети ред во сопствената држава, и сето тоа заради задоволувањето на шовинистичките апетити на некоја соседна држава или пак трибалистички апетити на некоја етничка политичка партија во земјава.