Солидарноста на работниците ја фати управителката на ВЕИБО во заседа
Откако работниците од ВЕИБО веќе неколку дена протестираат поради нивното отпуштање и неисплатените плати, денес управителката на компанијата тајно влегла во фабриката околу 20 часот. Солидарен сограѓанин забележал џипови и камиони, па од страв да не ги натоварат машините во фабриката, се јавил на работниците и ги предупредил, по што тие се упатиле накај фабриката и од тогаш не дозволуваат управничката да излезе со превозните товарни средства.
Во меѓувреме, градоначалникот на Крива Паланка сам влегол да разговара во фабриката, одбивајќи да земе и еден работник како сведок со него. Потоа, тој побарал да се состави одбор од 3 до 5 работници со кои ќе се преговара. Се уште е нејасно зошто преговорите не се водат јавно.
Работниците сакаат да го пријават настанот, врз основ на членот 353 од законот за злоуотреба на службената положба и овластување: „Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.“ и по основ на членот 166 од законот за повреда на правата од работен однос: „Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“
Следат фотографии и видеа од самиот настан.
Веибо во моментов.
Публикувахте от Кристина Ампева в 5 февруари 2018 г.