Протести во Битола
Пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Битола, а кој доаѓа денеска со министри од владата на Бугарија, поранешни функционери и актуелни политичари на отворањето на новиот клуб на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ на Широк Сокак во напосредна близина на канцеларијата на клубот, има протести каде се истакнати неколку транспаренти против политиките на бугарската влада кон македонското малцинство и актуелните политички случувања во преговорите меѓу двете земји.
Уште синоќа од „Левица“ кажаа дека денеска во 13 часот ќе излезат на протест. Во повикот објавен на социјалната мрежа Фејзбук рекоа дека најстрого ја осудуваат дозволата за отворање на ваков клуб во Македонија, премолчувањето за ваквата иницијатива од страна на Владата на Република Македонија која индиректно поддржува рехабилитација на фашизмот, империјализмот и антимакедонизмот, стои во нивната објава за протесот.
Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 од Битола синоќа излезе со јавен протест.
Во соопштението напишаа:
„Јавен протест заради отворањето на „Културен центар Иван Михајлов – Клуб Ванчо Михајлов, ВМРО“ во Битола, бидејќи преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна, се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на Националноослободителната војна на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот нациоинален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално донстоинство“ стои во сопштението.
Пренесува: Тера