Aко 100 илјади луѓе бојкотираат тогаш пописот е неуспешен, рекоа од Државен завод за статистика
Хилми Селами, заменик-директорот на Државниот завод за статистика минатата година во емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ рече дека пописот нема да биде релевантен ако не се попишат илјада или две илјади граѓани во Република Македонија.
“Имаме доволно време за подготовка за кредибилен попис. Но истиот можат да го одложат само две причини. Прво, не очекување, но евентуално влошување на состојбата на пандемијата и второ, тивкиот бојкот од страна на македонската опозиција. Ако вие не успеете да попишете поради тоа илјада или две илјади лица, пописот не е целосен“
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски го претстави утринава пописот како успешен.
“Имам огромна чест и задоволство да објавам дека Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, вечерва, официјално, успешно заврши“
Но ајде да ги видиме бројките. Според денеска соопштените бројки од директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски. 7,2 отсто, или 132.260 граѓани, се попишани од административни извори, односно станува збор за луѓе кои го бојкотирале пописот и одбиле да се попишат.
Уште на 17 јуни 2019-та година Заводот за статистика посочи дека ако најмалку 100.000 граѓани го бојкотираат пописот, резултатите не може да се земат како релевантни.
Заводот за статистика посочува дека ако најмалку 100.000 граѓани го бојкотираат пописот следната година, резултатите не може да се земат како релевантни. Според законските одредби, сите граѓани кои нема да прифатат да бидат испрашани, може да се казнат со парична казна од 200-400 евра по лице.
Македонија е можеби единствената држава во светот која ја попишува својата дијаспора, а тоа предизвикува дополнителни главоболки за Заводот за статистика, бидејќи бројот на Македонци од дијаспората кој го бојкотираа пописот е далеку поголем од 130 илјади Македонци кои не се попишани во сопствената држава.
Ова што го видовме утринава е парада чија единствена цел беше поразот да се претстави како победа, неуспехот како голем успех, едноставно вакви работи се изнагледавме годиниве кои што изминаа.
Накратко државата не успеа да спроведе релевантен попис, пописот според зборовите на Државниот завод за статистика е неуспешен!