Мециновиќ: Сите имаме блиски кои поминале низ голгота на Онкологија

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на Политичката партија Левица

Според статистиката на Светската опсерваторија за рак, веројатноста на жителите на Македонија да добијат рак во животниот век е нешто под 30 отсто за мажи, и околу 24 отсто за жени, тренд кој е во нагорна тенденција.

Често се зборува како сите имаме блиски кои поминувале низ оваа голгота. Така е. Но, ретко се зборува дека и секој поединец со одминувањето на времето сѐ поверојатно е дека ќе ја доживее оваа судбина.

Се работи за бројки. Бројки кои ја замрзнуваат крвта, но, и го разгоруваат апетитот на здравствените профитери.

Се вели, дека квалитетот на животот нѐ носи поблиску или подалеку од оваа дијагноза – а знаеме како во Македонија тој вртоглаво опаѓа. Во овој коктел се содржат спротивностите на борбата за живот и борбата за смрт. Нас, кои се бориме да преживееме, и нив кои знаат дека патот кон смртта е поплочен со можности за нивен профит.

Еден од првите знаци на цивилизацијата се пронајдените остатоци од човечки скелет на кој се забележува скршена бедрена коска која потоа заздравила – укажувајќи на нега кон повредениот од неговото окружување.

Затоа ова е социјално и цивилизациско прашање. Во понеделник пред Влада во 18 часот!