АктуелноЛокално

Исмаил: Дали постои заташкување на случај со опасен отпад при изградба на колекторскиот систем на реката Вардар?

Советникот на Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил упати прашање до градоначалникот Данела Арсовска за колекторскиот систем на реката Вардар, кој помпезно беше најавен пред две години и уште чека неговата реализација.

„При изградба на овој проект, во делот кој треба да оди преку поранешната депонија Вардариште, компанијата изведувач наишла на отпад, кој официјално не е заведен како отпад од кој се состои депонијата. Наводно, се работи за медицински отпад, чија дислокација и уништување е скапо, а отпадот е од категоријата на опасен отпад, за што впрочем настана и спор помеѓу оваа компанија и државата.

Прашањето е, каков вид на отпад точно е овој, дали е надминат спорот со компанијата и како е надминат? Нашите информации говорат дека овој отпад едноставно е затрупан и целиот случај е заташкан.”

Прашањето поставено кон Градоначалникот, а кое требаше да биде одговорено од страна на службите на Градот, не беше одговорено, туку беше најавено дека ќе биде доставено по писмен пат.