Граѓани се жалат дека нема лекови во аптеките и мораат да плаќаат приватно

Откако министерот на СДСМ Венко Филипче излезе со изјава дека државното здравство било неефикасно и ќе се воведува модел на јавно-приватно партнерство, се повеќе граѓани се жалат на ужасната состојба која очигледно намерно се предизвикува во јавното здравство. Најпрво на социјалните мрежи осамнаа слики за поништена специјализација на доктори од Прилеп, а потоа корисник на епилептици се пожали дека истите лекови кои пред две години ги набавувал редовно, сега никако не може да ги најде по аптеките и поради тоа е приморан да плаќа тројно поголема цена на приватно.

И додека владејачката коалиција троши милионски суми на теретани, патни трошоци, агенции за патувања и останати луксузни непродуктивни трошоци, државното здравство намерно е донесено пред колапс, за да биде отстапено на бизнис-интересите да профитираат од здравјето на граѓаните. Во продолжение во целост ја пренесуваме објавата од фејсбук.

„ Еве вака. Ја примам некоа редовна терапија више 18 години. Али а зимам превентивно не дека нешто ми се дешава. Се работе за Тегретол од 200 мг. Со тек на времето а намалуам и сеа сум некаде четврт апче два пати на ден. Мојта терапија пред да се смене власта а зимав редовно на рецепта. И ноооооогу ретко се случуваше да а нема. Тогаш една кутијка ме кошташе 119 денара на рецепт. 195 денара беше ако случајно а нема на рецепт. Последните две години на рецепт имам земено еднаш или два пати. Цената се смени. На почеток беше 190 денара на рецепт, 250 или така нешто не памтам точно без рецепт. И од нервоза пошо не можев да губам време трчејќи по аптеки више ги зимав цело време на приватно. Понекоаш се инатам и тргам по сите аптеки. И тоа ги барам на почеток на месец. Никаде ги нема. Од друга страна познаам луѓе шо работат по аптеки и никоаш не сум рекол де тргни ми едно пакетче ка че стигнат. Тоа се косе со мојте принципи за рамноправност на сите. Ногу одвратно правило за човек шо живее у ваква прдекана каде секој гледа на некој начин да те истурка и да застане пред тебе у редот. Long story short, мојте апчиња последната година ги купуам на приватно по цена од 500 денара со рецепт. Пошто ми е намалена терапијата некако сум рекол ајде нек иде у курац. И ми текнуе на ниа шо зимат 12080 денара плата. Можам да замислам ако еве да речиме тиа е баш епилептичар и му требат од 400-1600 мг на ден за да нема напади. Тиа човек не може да заработе само за апчиња у пичку матер! Јеботе и живот и држава, пардон ПРДЕКАНА. “