АктуелноЛокално

Универзитетот „Гоце Делчев“ речиси и да не ја чествуваше 150 годишнината од раѓањето на револуционерот

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој патем го носи името на македонскиот револуционер и великан, практично и не ја чествуваше јубилејната 150 годишнина од неговото раѓање.

Имајќи ја на ум реална опресија на мислата и слободата на изразувањето и особено чувствителноста на период за македонската држава, народ и нација во актуелната политичка реалност, до некаде и беше очекувано бројни институции (управувани од партиските послушници) кои го носат неговото име во државата, да не ја чествуваат јубилејната 150 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев. Но, вакво однесување не беше очекуван и од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Имено, токму во вакви околности интелигенцијата е таа од која се очекува да направи конкретен чекор а Универзитетите се оние кои неа ја креираат и претставуваат.

Доколку се земе во предвид револуционерниот дух на Гоце Делчев, кој воедно беше учител во Штип, а во февруари 1896 година во овој град организирал и демонстрација против тогашната власт, или севкупното негово животно дело за Македонија, ваквото скромно чествување на овој јубилеј од Универзитетот кој го носи неговото име во најмала рака може да се оцени како „недостоинствено“.

Патем, во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип постои и катедрата за Историја и Археологија, каде има повеќе професори на кои токму оваа историска епоха (XIX и XX век) им е специјалност, меѓу кои е и професорот Тодор Чепреганов, кој е претставен како еден од најголемите противници на бугарската политика и ревизија на националната историја за оваа историска епоха.

Од страна на Универзитетот единствено беше организирано положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев кој се наоѓа во дворот на ректоратот. На порталот „Гоце“ беше споделена објава содржана од три реченици, додека само Факултетот за образовни науки организираше онлајн настан, на кој судејќи по фотографиите кои можат да се видат, имало дваесетина вклучени.