АктуелноЛокално

Истражување на Левичарскиот институт „Рацин“ за преговорите помеѓу Македонија и Бугарија

Во рамки на трибината „Македонската кауза – 150 години од раѓањето на македонскиот револуциoнер Гоце Делчев”, Левичарскиот институт „Рацин“ спроведува истражување на јавното мислење поврзано со актуелните преговори помеѓу Македонија и Бугарија и евро-интеграциониот процес на државата.

Од Левичарскиот институт „Рацин“ Ве повикуваме да одговорите на нашиот онлајн анкетен прашалник за испитување на ставовите во македонското општество, кои се однесуваат на сопствената историја и тековните преговори со Република Бугарија. – Стои во описот на прашалникот.

Прашалникот е во целост анонимен, потребни се 2-3 минути за истиот да бите пополнет и можете да го најдете на овој линк. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени со дополнителна интерпретација на бројките.