(Видео) Ибраимова: Нема ништо спорно во потпишувањето на изјавите со Република Македонија

Изјава на советничката на Левица во Советот на Општина Штип, Сенада Ибраимова, во однос на реакцијата на МНР со која се меша во работата на локалната самоуправа:

„Министерството за надворешни работи нема право да реагира и да се меша во работата на Локалната Самоуправа. А за тоа дека не им држат аргументите за наводно кршење на Уставот има повеќе причини, бидејќи самото насилно менување на името од почеток до крај беше силување и прекршување на Уставот!

Како прво Преспански договор е донесен противуставно и тоа Уставот беше прекршен во повеќе наврати. Прво и основно Референдумот беше неуспешен и оттука нема ОДЛУКА од истиот – што значи дека името беше противуставно променето спротивно на изразената волја на граѓаните на овој неуспешен Референдум од 2018 година.


Второ, беа присилувани пратеници да гласаат во Собранието, на кои им висеа кривични и ги пуштија од притвор само за да гласаат.

Трето, Законот беше пуштен без потпис односно Указ од тогашниот претседател Иванов – што е повторно кршење на Уставот.

И на крај, како што кажав вчера и од говорница на Совет – Законот за локална самоуправа не е сменет, односно таму во делот за давање на свечената изјава експлицитно стои Република Македонија, а документите кои ги израборува општинската служба мора да се базираат на овој Закон – така што нема ништо спорно во тоа што Свечената изјава ја потпишавме со правилното име – Република Македонија како што стои во самиот Закон.

Токму другите општини треба да ги променат изјавите, повикувајќи се на овој Закон, во спротивно работат противправно.“