Ленка: Новиот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Клековски одработувал за Северна

Вчера од страна на ВМРО-ДПМНЕ бешe извршена внатрешна реоргнизација во партијата, по што беа избрани нови 11 членови во раководството.

Најголем дел од новоназначените имиња во партијата се познати за јавноста, но придружувањето во Извршниот комитет на Сашо Клековски, поранешен извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, за јавноста стана дискутабилно.

Сашо Клековски, претходно бил ангажиран од шкотска фирма за да го саботира бојкотирањето на референдумот. Имајќи ги во предвид тогашните ставови на партијата за Референдумот а и денешните ставови за „Преспанскиот договор“, оваа одлука во најмала рака е контроверзна.

За неговата ангажирање денес во објава на социјалните мрежи беше информирано од страна на ДСП „Ленка“.

САШО КЛЕКОВСКИ – новиот член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше ангажиран од шкотската фирма „СТРАТЕГЕМ“ за да го саботира бојкотирањето на референдумот. Ангажиран како ШПИОН за да го минира отпорот против Северна!