АктуелноЛокално

Советот на Општина Карпош гласаше против точките за ревизија на ДУП-ови

  • Соопштение на Левица – ЛО Карпош.

„На денешното второ продолжение од втората седница на Совтот на Општина Карпош, со само 6 гласови “ЗА”, 10 “ПРОТИВ” и 6 “ВОЗДРЖАНИ” не беа изгласани четирите точки кои се однесуваа на ревизија на два детални урбанистички планови и забрана за издавање на градежни дозволи како и отпочнување на градба.

Точките за кои не гласаа советниците од другите партии, а кои беа предложени од советниците на Левица се:

1. Ревизија на детален урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09
2. Забрана за издавање на градежни дозволи и отпочнување со градба во рамките на просторот на деталениот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09, за време на траење на ревизијата
3. Ревизија на детален урбанистички план за ССИ 03, Блок ССИ 03.0
4. Забрана за издавање на градежни дозволи и отпочнување со градба во рамките на просторот на деталениот урбанистички план за ССИ 03, Блок ССИ 03.0, за време на траење на ревизијата.

Интересен момент беше и синхронизираното гласање на советниците на ГРОМ и СДСМ што е малку зачудувачки откако во повеќе наврати претходно Стевчо Јакимовски ја нарекувше оваа партија предавничка.

Со ова, уште еднаш се докажува дека советниците на другите политички партии немаат капацитет и намера да работат во интерес на жителите на Карпош. Советниците на Левица и натаму продолжуваат да ги користат сите можни механизми со цел исполнување на предизборната програма и ветувањата дадени изминатиот период.“