АктуелноЛокалноСтав

Ванковска: Ударите врз Левица се само битка за стстус квото

„Лимбото во кое се наоѓаме, заедно со ударите врз Левица (од сите страни) се само приказ на жестоката битка за одржување на статус квото, во секој поглед, во секоја сфера. Да се смени власта, но ништо системски да не се промени – бидејќи системот е над секоја критика, тој е совршен, проблемот е (само) во персоналните решенија и партиски групировки … Тој е недопирлив, се’ друго може да се менува и реконфигурира.

Долга агонија ќе биде ова, што и да се случи, затоа нема место за радост и оптимизам. Политичкиот матрикс е длабоко вкоренет и се чува без оглед на цената што ќе ја плаќаме сите…

ДОПОЛНУВАЊЕ: Жестината или суптилноста на критиките кон Левица (зависно од која страна доаѓаат) треба да бидат причина за општа загриженост кај секој слободоумен човек, без оглед на политичката и идеолошка ориентација. Оваа оркестрирана хајка и покажување со прст кон „виновникот“ и „неподобниот“ ќе ни се идри од глава на сите, зошто задира во слободата на мисла, говор и политички убедувања. Секој кој не мисли со и преку „матриксот“ е неподобен и треба да се острахира, да се замолчи, да се оневозможи… Досега им се потсмеваа, сега им се плашат и се борат против нив, останува да видиме како ќе заврши третата фаза. Деновиве разни аналитичари, новинари и активисти ни ја покажуваат границата на слободата и на визијата за подобро општество.“

  • Статус на Проф. д–р Билјана Ванковска