Или ќе гласате против ДУИ, или нас ќе не изгубите

Откако во Собранието беше поднесена иницијатива за гласање недоверба на Владата, пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, почна со негодување и најави дека нема да гласа за пад на ДУИ доколку во истата иницијатива учествува и Левица.

Овој негов став наиде а огромен отпор и негодување од страна на активистите, поддржувачите и симпатизерите на Алијанса. Меѓу најгласните од нив беше нивниот огранок во Општина Чаир.

Претставници на огранокот на Алтернатива во Чаир велат дека „одржале итен состанок во врска со создадената политичка ситуација. Од овој состанок огранокот се огласи со едногласен став дека Алтернатива треба да гласа за уривање на Владата на СДСМ – ДУИ“. Пишува во соопштение на информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Од огранокот децидно одлучиле дека: „aко пратениците на Алтернатива не гласаат против Владата на СДСМ – ДУИ, тогаш тие ќе ја престанат со својата политичка активност“ – стои во соопштението објавено од „Журнал“.