АктуелноЛокално

Вработените на Фени на протест пред банките во Кавадарци

Веста е преземена од КТВ.


Филијалите на Стопанска, Комерцијална и Силк банка од утринава се блокирани од вработените во Фени индустри. Како што најавија од синдикатот тие протестираат со цел да не замине компанијата во стечај.

Претседателот на синдикалната организаија Ѓоре Палитов побара разбирање од банките за тешката ситуација во која се наоѓа комбинатот и максимално да се вложат во изнаоѓањето решение.

“Фени” од почеток на своето постоење претрпел неколку вакви кризни моменти но никогаш не бил во ваква поволна ситуација, како што е сега, кога имаме неколку заинтересирани инвеститори, за што добро се информирани и нашите главни доверители т.е. банките, рече  Палитов. и нагласи дека сега во моментот кога цената на никелот е 13.000 долари за тон за секој разумен човек не е прифатлив стечај.

„Затоа бараме и Владата на Република Македонија да се вклучи во целост во изнаоѓање на решение прифатливо за нас вработените, а тоа е да не одиме во стечај, да продолжиме со извршување на нашите работни задачи, да немаме прекин на работниот однос и цело време до моментот на продажбата да имаме статус на вработени во нашата компанија. Единствено што е важно за нас и значи живот за нас и нашите фамилии е да продолжиме со работа без прекин. Затоа сакаме уште еднаш да ги потенцираме нашите барања. Нашата компанија да не оди во стечај, да се исплаќаат нашите лични доходи во целост и за цело време до моментот на продажба да имаме статус на вработени во нашата компанија, нагласи претседателот на Синдикатот.

Денеска со работниците се сретнаа градоначалникот Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов. Му дадоа подршка на работниците и посакаа побрзо надминување на проблемите.

Во моментов печката на комбинатот е на техничко одржување се додека не се изанајде решение и не биде најден сигурен инвеститор.

A.Д