АктуелноЛокално

Димитријевиќ – Градежна или урбана мафија!

Фејсбук статус на Александар Димитриевиќ – Кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Градежните офанзиви на инвеститорите во Македонија, без контрола и стандарди се подведуваат под еден термин – урбана мафија. Иако лошо звучи, а уште полошо изгледа самиот термин мафија би требало да преставува некоја организација или група со определена стратегија на делување во насока на остварување на некоја цел.

Денес урбаната мафија преставува сојуз помеѓу подмитливите градоначалници и советници и инвеститорите. Тоа тројство е настанато со цел личен профит на градоначалниците и советниците со што на инвеститерот му се даваат попволни услови како против услуга. Под поволни услови се подразбира незаконски стандарди за градба, поголем габарит на градба, промена на ДУП од зелен појас во градежни парцели, узурпирање на тротоар како паркинг простор и други иновативни решенија се со цел поголем профит на инвеститорите за да се обезбеди дел и за општината.

Доколку градоначалникот или советниците имаат фер и чесен пристап кон инвеститорите во своите општини тогаш инвеститорите бидат само претприемачи кои ќе конкурираат на пазарот. Затоа ние ви нудиме:

  • СТОП ЗА УРБАНАТА МАФИЈА
  • РЕВИДИРАЊЕ БА СИТЕ ЗАПОЧНАТИ ПОСТАПКИ
  • СТОПИРАЊЕ НА СИТЕ НЕЗАКОНСКИ ДОНЕСЕНИ ОДОБРЕНИЈА
  • РЕВИЗИЈА НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДУП
  • ФЕР И ЧЕСЕН ПРИСТАП КОН СИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
  • СТИМУЛИРАЊЕ НА ИЗГРАДБА НА МОДЕРНИ ЕКОЛОШКИ ОДРЖЛИВИ СТАНБЕНИ КОМПЛЕКСИ
  • ЈАВНА ДЕБАТА НА ЖИТЕЛИТЕ ПРЕД ДОНЕСУВАЊЕ ИЛИ ИЗМЕНА НА ДУП