Ленка: Случајот Монструм, надворешните влијанија и меѓуетничките односи
Пред повеќе од 8 години, односно точно на 12.04.2012, во четврток, во очи на еден од најголемите христијански празници, кај Смилковско езеро, беше извршено свирепо убиство на 4 млади деца и еден повозрасен човек – Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45).
Зошто конкретно се важни денот кога овој масакар е направен на сосема невини и млади луѓе, како и нивните имињата и годините? Тоа треба да биде јасно од исказот на главната обвинителка, Фатиме Фетаи, која коментираќи во таа насока, за целта на ова петкратното убиство кај Смилковското езеро. Имено, Фетаи недвосмислено потврдува дека, според обвинителството, целта на убиство била дестабилизација на Македонија, и оттука важно било жртвите единствено да се Македонци, како и грозоморниот чин да биде направен на ден на кој веста за истото ќе добие дополнителен имплус во јавниот дискурс, влијае врз религиозните чувства на христијанското население и создаде револт со потенцијал да ескалира заради таквото грозоморно дело. Оттука и денот на овој тажен настан е наречен „крвав Велигден“.
Според ова, односно според мотивите на извршителите на петкратното убиство, јасно е дека се работи за терористички акт, и тоа извршителите го знаеле и го сториле со умисла. Обвинителството забележува дека тие дури и се обратиле до Агенцијата за разузнавање, но оттаму не добиле никакви податоци од помош.
Каков беше судтскиот исход на овој случај, уште и наречен „Монструм“: Обвинетите беа осудени и им беше изречена доживотна казна затвор. Сепак, по жалбата на пресуда, случајот доби целосен пресврт. Односно, Врховниот суд во ноември 2017 та година, ги укина пресудите и дури ги ослободи од притвор осудените. На 19-ти февруари, 2018-та, судењето кое еднаш заврши со доживотни казни за обвинетите се отвори одново, но овој пат пред нови судии. Во Март, истата година предметот отиде во рацете на Специјалното јавно обвинителство, а судењето за убиството од пред шест години повторно стартува од почеток пред нови обвинители на 17 април истата година. Сепак, во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
На повторното судење, Кривичниот суд во Скопје изрече три доживотни казни за сторено кривично дело „тероризам“, а казна затвор од 15 години за помагање кривично дело, казна затвор од 9 години за помагање кривично дело и една ослободителна пресуда. Но, дури двајца од тројцата главно обвинети на кои им е изречена доживотна казна затвор, воопшто не беа достапни за судот, тие по извршувањето на грозоморниот чин си отишле за Косово. Иако по нив се распишани меѓународни потерници, јавна тајна е дека се наоѓаат на Косово. Покрај ова, вчера, при посетата на Курти во Македонија, лично од него во придружба на премиерот на Република Македонија, на сите ни беше соопштено дека Косово не планира да ги екстрадира виновниците во Македонија за да ја одлежат казната. Напротив, додека пак на истата прес конференција, од премиерот Заев ни беше соопштено дека тој и Курти, постигнале договор со кој на косовската војска и се овозможува слободно да влегува и да престојува во Македонија и да си се врати назад.
После сета разврска со и околу случајот „Монструм“ се поставуваат неколку прашања, на кои веруваме дека одговорот, за сите нормални и совесни луѓе е очигледен:
- Мотивот на сторителите е очигледен, но кој е нарачателот и со каква намера и крајна цел нарачал вакво свирепо убиство на невини деца?
- Која е мотивацијата на извршителите, ако тоа се пари, колку пари и од каде се обезбедени истите?
- Дали нарачателот е структура на странска држава, која е таа и каква е нејзината врска со Македонија и македонските политички елити?
- Каква е улогата на меѓународната заедница, особено на САД како доминантна сила која има речиси целосна контрола над Македонија и Косово, како земји кои директно се врзуваат со овој случај?
- Што по овие прашања имаат да кажат безбедносните органи на Македонија?
- Дали ќе има истрага и извештај од страна на Македонија за улогата и инволвираноста на властите од Косово во овој случај? – И доколку постои нивна инволвираност како нашите власти ќе реагираат?
- Доколку Косово не сака да ги екстрадира терористите, тогаш зошто Македонија не побара помош од меѓународната заедница или НАТО (како наши „партнери“) за спроведување на нивна екстрадација?
- Ако осудените се на слобода колкава е веројатноста да ни се случи нов „Монструм“?
- И на крај, зошто никој, апсолутно никој, ниту од дежурните НГО организации чии мулти-медија материјали од проектите се преплавени со категоријата „правда“, како на пример Хелсиншки Комитет и слични, а ниту пак некој од „видните“ граЏани и интелектуалци, особено такви од редовите на албанскиот народ во Македонија, кои секоја критика кон национализмот, сепаратизмот па дури и криминалот на албанските политички елити од Македонија подло ја одбиваат со обвинувања за македонски национализам, и притоа се расврлаат со влоскули за соживот и мултикултурализам, никој од нив, апсолутно никој не ја изустува, ниту дури во шепот, вистината и реалноста за овој случај!?