АктуелноЛокално

Османи: ќе се попишуваат и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија

Идејата за попис, наклонет кон фаворизирањето на една етничка заедница, кој ќе ги подобрува своите позиции за сметка на сите останати постоеше уште од одамна. За ова сведочи едно поодамнешно интервју на Бујар Османи:

„Во 2011, јаболко на кавга, беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не, истакна вицепремиерот.“

Во тоа интервју Османи посочи дека информациите од базите на податоци од сите институции, ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните. Како што тогаш изјави, расправиите за пописот 2011 година биле токму поради тоа прашање, односно поради албанците кои не живеат во Македонија. Но сега кога се надминати овие дилеми, верува дека пописот ќе биде успешен.

Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции, рече Османи.

Оваа изјава за медиумите, Османи ја даде непосредно пред почетокот на пробниот попис, тогаш како Вицепремиер за европски прашања.

Извор: https://www.magazin.mk/