АктуелноЛокалноСтав

Исмаил: Експертите уште не им е јасно како “стратешкиот партнер” САД не заврши работа со Бугарија

Статус на Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиум на Левица.


„После 163-тото вето за ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ (не зачленување значи!) со ЕУ, кое Македонија го доби, се јавија експерти, меѓу кои и професори со титули доктори на науки (!?), да консатираат дека тука не е проблем само Бугарија, туку тоа било пошироко расположение во земјите на ЕУ (добрЕ утре)!

Некои додуша, отидоа и чекор напред, па повторно „ја открија Америка“ констатирајќи дека „Македонците не се вклопувале во американските визии за регионот“ и тоа пази, од „непознати и недефинирани причини за нас (за него)“. Сепак, повеќето од интелектуалава од погоре, во овој контекст ја споменуваат Германија како главна потпора на Бугарија, што воопшто не е точно, Франција и Холандија таквото расположение одамна го најавија, но, кога си глуп и кога од позицијата што си ја заземал на чизмо-лижач, нормално не можеш да видиш подалеку од носот и врвот на чизмата.

Франција, дури и уште пред да се почнати сите овие мелодрами со преговорите со нашите соседи, отворено, на неколку наврати, ја плескаше најболната вистина – земјите од (западен) Балкан по никој основ немаат исполнето критериуми да бидат дел од системот на ЕУ: ниту основ на нивната социјална состојба, ниту по прашањето за корупцијата, ниту по со
стојбата (реалноста) со владеење на криминални тајкунски банди, ниту по политичка култура која ја имаат и ја градат, ниту по критериуми за организација и поставеност на нивниот политички систем на централно, како и локално ниво.
Имено, токму и ова беше најболна точка на САД под Бајденовците, односно по нивните почетни намери, да, и покрај очигледно светлосните години разлика во стандардите на ЕУ и државите од Западен Балкан, сепак овие држави да ги напика во ЕУ и за да може тие да му бидат дополнителни пиунчиња во уценувањето на европските земји, со цел добивање поддршка од ЕУ во нивната војна со земјите ширум светот, особено Кина, Русија Иран и Србија.

Арно ама, европските држави се етаблирани политички ентитети и тие имаат „точка на вриење“, до каде може да оди нивното удоволување на раскошните желби и намери на империјата, која беснее секој ден се повеќе од фактот дека пропаѓа во живата песок која сама ја посеа насекаде во светот. Токму несвесни за ваквите констелации на моќ во мултиполарниот свет, нашите политички и интелектуални елити својата сервилност ја проектираа на Бугарија, мислејќи дека Бугарија е иста таква пачавра од држава, и уште поважно, исто „швајцарско сирење“ од национално единство каква што е состојба со нив, па соодветно на тоа очекуваа дека и во Бугарија ке заврши работа „стратешкиот партнер“ САД.”