Саем на книгата во Артикултура
Од утре, среда, до сабота, во задругата Артикултура се организира прв Саем на ккнигата. Книгите на издавачките куќи Бегемот, Или-Или, Темплум, Антолог и Готен ќе бидат изложени во просториите на задругата и ќе бидат достапни за купување по намалени цени.
Саемот ќе биде поставен секој ден од 27-30 септември, а ќе се биде повлечен само навечер, за да не се оштетат книгите за време на свирките во Артикултура.
Во рамките на саемот ќе бидат организирани и промоции на изданија на четири од издавачките куќи, според следниов распоред:
ПЕТОК 29.9
17:00
Бегемот: Промоција на преведените дела на Ришард Капушќински со Лидија Танушевска
18:00
Антолог: Поетско читање со Ѓоко Здравевски
САБОТА 30.9
17:00
Темплум: Никола Гелевски, промоција на едицијата Друга приказна и на истоимениот скопски книжевен фестивал
18:00
Или-или: Промоција на романот „Одбројување” од Фросина Пармаковска