АктуелноЛокалноСтав

Со дигиталните учебници, со еден клик секаде ќе пишува „Северна”

Статус на Стеван Трајкоски, програмер


Последниве денови на социјалните мрежи се стигматизираат сите противници на „реформите“ и „дигитализацијата“ што Царовска сака да ги спроведе во образованието. Јас сум еден од тие противници, а во последниве триесетина години сум имал свој придонес во неколку дигитализации во Македонија, па еве го моето мислење за овој процес.

Тоа што Царовска и компанија го нарекуваат „дигитализација“ всушност е најобичен „експорт“ на постоечките печатени учебници во PDF. Ќе ги отворат во Adobe InDesign верзиите за печатење, со find/replace ќе ја заменат Македонија со Северна, окупатори со администратори и ќе кликнат „Export to PDF“.

Во септемви кога ќе дојдат учениците на училиште, нема да има ниту еден документ (аналоген или дигитален) на кој што нема да пишува Ѕеверна.

По десет години, кога овие генерации ќе бидат на факултет или ќе почнат да се вработуваат, Северна ќе им биде нешто најнормално и на нас ќе гледаат како на диносауруси што одамна требало да изумрат.

Тоа е главната цел што треба да се постигне, вметнување на нова колективна меморија во главите на новите генерации. Меѓутоа ова звучи многу грубо, па затоа е избран „фенси“ зборот „дигитализација“.