ИРЛ: Анѓушев увезувал мазут во Македонија кој е забранет за употреба во ЕУ

Според ИРЛ, поранешната фабрика ФЕНИ, денешна „Еуроникел“ од Кавадарци и „Брако“ на бизнисменот и поранешен функционер Кочо Анѓушев се двете компании кои го користат „босанскиот“ мазут, кој е забранет во ЕУ. По средба во Владата меѓу Кочо Анѓушев, како тогашен вицепремиер, и претставници на босанската и домашната фирма вклучени во набавката

Токсични масла опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз во Македонија влегувале како мазут, се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава, открива првата епизода од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Исражувањето на ИРЛ покажува дека мазутот што го увезувал „Евротим ГДС“ од Кичево е користен и од приватни фирми како „ФЕНИ индустри“ сегашно „Еуроникел“ и „Брако“. Покрај овие приватни фирми, користено е во барем седум болници во Македонија. ИРЛ потенцира дека нема конкретни докази дека сите пратки на „Хифа оил“ и „Евротим ГДС“ се проблематични, додека тестираните покажале спорни вредности и не може да им се утврди точното потекло.

Според новинарите на ИРЛ, причина што маслото успевало да влезе на домашниот пазар се домашните закони и правилници. За контрола на квалитетот на мазутот е задолжен Државниот пазарен инспекторат, но тој при увоз го проверува само количеството на сулфур во горивото.

Не само сулфурот, проблемот во маслото се и другите супстанции, иако во некои дополнителни контроли било утврдено дека маслото отстапува од квалитетите својствени за мазут.

Целото истражување на ИРЛ може да се погледне на видеото: