Илиевски: Незаконски постапки на наставници кон ученици
Од страна на кординаторот Драгана Спасовска на групата на родители „Учебници и настава мора да има“ на една дебатна телевизиска емисија „Што не е јасно“ со новинарката Искра Коровешовска истакна дека: „има наставници кои им вршат притисок на ученици кои ја бојкотираат наставата, само затоа што барале да изучуваат настава од хартиени учебници. И за нивното поведение им ставале единици, ги заплашувале наставници и посочи училиште во Тетово“.
Министерке Царовска, ти со твојата ароганција тоа во повеќе наврати го покажа и некои ваши директори и наставници, ваши подлизурковци, едно треба да знаат, дека непедагошките мерки кои сте ги примениле кон учениците се спротивни на меѓународниот документ Конвенцијата за правото на детето, каде што е има ратификувана од Република Македонија. Понатака министерке и оние твоите подлиурковци треба да знаат дека согласно Законот за основно образование член 65- во делот – Заштита на интересот на учениците стои:
„Став 1-Секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на учениците и да го почитува неговото достоинство, како и Конвенцијата за правото на детето.”
Став 2 од истиот член стои: „Забрането е телесно и психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него“.
Во конкретниот случај министерке, твоите подлизурковци директори ( не сите) и наставници (не сите) го прекршиле напред наведените ставови од членот 65 од Законот за основно образование. Поконкретно во делот на психичко малтретирање, каде што има и заканувања кон децата и непедагошко ставање единици!?. Ова е прекрок. Те прашувам тебе, арогантна министерке и овие кои непедагошки се однесувале и заплашувале со ставање единици? Дали имате педагошка етика? Дали ви се интерес децата? Во овој случај НЕ!. Дали ви е местото помеѓу децата? Не!- сургун од училиштето. Тоа ќе ви се случи.
Затоа, веднаш треба кординативното тело на родители, како и советите на родителите да поднесат преставка до Државниот просветен инспекторат. За претрпениот страв и закана да обезбедите медицински белешки за претрпениот страв и закана кон децата-нашиот најдобар интерес.
Го повикувам Уницеф во Македонија, Хелшинскиот комитет во Македонија, Детската амбасада Меѓаши – во Скопје – да го кренат својот глас. Против ваквите насилија, кои постојат за најдобриот интерес децата.
Единиците што сте ги ставиле се за вас, не за учениците. Прекршители на закон!
Целосна подршка на родителите и децата. СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА!!!
Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектор