Моника Зајкова од ЛДП е првиот предавник кој јавно кажа дека ќе гласа за бугаризација на Македонија

Двајцата пратеници од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсовски, се со ист став – францускиот предлог ќе се разгледува на седница на Централниот одбор на партијата што ќе се одржи вечерва, по што ќе се знае генералниот став на ЛДП.

Претседателот на партијата кој не е и пратеник, Горан Милевски, во неколку наврати имаше негативен став кон францускиот предлог иако последните изјави беа попретпазливи.

Сепак, пратеничката Зајкова вели дека има личен став дека предлогот не е совршен, но и дека не е толку лош како што се „кренало фама во јавноста“.

„Јас сепак сум на ставот дека мене никој не може да ми посочи од каде ми се корените и како ќе бидам утре впишана. Така што сметам дека ова е уште еден ризик или исчекор што треба да го направиме за да се доближиме повеќе кон ЕУ-интеграцијата. На ова гледам како млад човек. Не мора да значи дека моето мислење е правилно. Сакам некој да ми објасни, доколку сето ова не успее, во кој правец ќе се движи визијата на државата,“ – изјави Зајкова.

Останува да почекаме дали и останатите пратеници од групата на ЛДП, ќе ја следат оваа либерална идеја носителка на „европскиот прогрес“ со кој се бугаризира Македонија.