Ленка: Прескапо било препечатување на учебници при грешки – па затоа ги укинувале?!
Друштвото за социјална правда „Ленка“ реагираше во врска со дигитализацијата на учебниците
За претседателката на Комисијата за образование на СДСМ, прескапо било препечатување на учебници при грешки – па затоа ги укинувале?!
Да ја потсетиме претседателката Елизабета Наумовска дека образованието на нашите деца нема цена, за разлика од нивните патни трошоци!
1 – Од август 2020 до февруари 2021, 75 пратеници наплатиле 122.000 евра;
2 – Коалициониот пратеник на СДСМ Алија Камберовски во својот мандат (2016-2020) наплатил 47.450 евра;
3 – Пратеничката Бети Рабаџиевска-Наумовска од СДСМ наплатила 45.918 евра;
4 – Пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ наплатила 41.632 евра;
5 – Пратеникот Хари Локвенец од СДСМ наплатил 35.774 евра;
6 – Пратеничката Милева Ѓоргиева од СДСМ наплатила 34.358 евра за патни трошоци.
Криминалната владејачка гарнитура е подготвена да ја уништи просветителската дејност и наобразбата на општеството, само за да исцица што повеќе пари за свои приватни џебови!