Проф.Цуцуловски: Царовска и „нејзините“ добро смислени образовни реформи

ОБОЕНОСТ. Во периоди на нагласена луцидност милата госпоѓа Царовска доаѓа до инетересни сознанија, со интересни импликации. Ова се некои од нив.

(1) Дел од граѓаните, кои се противеле на „нејзините“ добро смислени образовни реформи, биле членови на определени партии. Значи, нивните погледи (види Боже!) биле и партиски обоени. Дали тоа значи дека Царовска не е член на ниту една партија, ниту има каква било партиска припадност, односно пристрасност?

(2) Дали Владата, чија член и министер е и самата, е надпартиска влада и дали нејзините министри, заменици министри, државни секретари и и.т.н. не приприпаѓаат на ниту една партија, ниту остваруваат какви било партиски политики и програми, бидејќи колку што знам владите (во принцип!) постојат да остваруваат определени партиски програми, особено оние програми кои предизборно биле нудени? Владите, патем, и не постојат за да остваруваат нечии лични амбиции и афинитети.

(3) Во тој случај, со кое право милата Царовска на своите опоненти им префрла дека припаѓаат на одредена партија или политика? Зарем заборавила дека уште Аристотел човекот го дефинирал како zoon politikon, односно како политичко, што значи и партиско суштество, бидејќи преку партиите (најчесто) се остварува политиката? Како што започнала, веројатно и него (Аристотела) ќе го реформира и доведе во ред, за да не остане (кутриот) заостанат, конзервативен и неинформиран? Има мирно да стои пред неа и послушно да ја слуша!

П.С. Не ми е јасно како повеќето граѓани лесно се фатија на евтината мамка – постојано да објаснуваат и да се правдат дека немаат партиска припадност/симпатија. Тогаш, за кого постојат партиите? Напротив, секој треба слободно и гордо, без какво било чувство на вина или оправдување, да ги каже своите политички убедувања. Човекот е, сепак, zoon politikon. Во спротивно, се саморедуцира на анимално суштество.

Проф. Љубомир Цуцуловски


ОБОЕНОСТ. Во периоди на нагласена луцидност милата госпоѓа Царовска доаѓа до инетересни сознанија, со интересни…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Monday, April 26, 2021