Вработените во ЈП ПУП реагираат – ”Исплатен ни е само дел од платата за февруари од 5000 денари”
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Прилеп:
„ЈП ПУП-Паркинзи од Прилеп на своите вработени им има исплатено само дел од платата за месец февруари во висина од 5000 денари, на 29.03.2021 година. Вработените обвинуваат дека не им се исплатени К-15 за 2020 година, како и јубилејната плата за 10 години од работењето.
Самата постапка на исплата е крајно сомнителна, во смисла на тоа дека не е можно тие средства воопшто да поминат на т.н. фолио и преку сите филтри и ставки на распределба. Во случај ако нивните тврдења се вистинити, тогаш станува збор за НЕЗАКОНСКА постапка за која се сноси и кривична одговорност. Ова се случува во време на пандемија и енормни трошоци за лекување и храна, кадешто за некои семејства таа сума е и единствениот приход.
Како Локален Огранок на Левица, единствената класно ориентирана и работничка партија, ги охрабруваме револтираните вработени да го пријават случајот и би ги поддржале правно во остварувањето на нивните работнички права.”
ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП ПУП ПАРКИНЗИ РЕАГИРААТ – "ИСПЛАТЕН НИ Е САМО ДЕЛ ОД ПЛАТАТА ЗА ФЕВРУАРИ ОД 5000 ДЕНАРИ" ЈП…
Posted by Левица – Прилеп on Friday, April 9, 2021