АктуелноЛокално

Левица: Советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци заеднички изгласаа мали хидроцентрали

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Политичка Партија Левица


„Како и со сите останати нерегуларности во Македонија, одговорноста поради понатамошната дозвола и работење на штетните мини-хидроцентрали, треба да се бараат во Владата и Собранието. Најнов пример за ова е црпењето на река Дошница, која опфаќа прекрасни и недопрени природни предели во општините Кавадарци и Демир Капија, каде не една туку две хидроцентрали („Баров Дол“ и „Папрад“) ќе ги црпат водите на оваа река, која и без тоа има доста низок водостој.

Кога станува збор за зголемувањето на богатствата на приватните газди, господата од власта и опозицијата прилично сложно ги изгласуваат сите за нив лукративни одлуки, а тоа може да се види во 26. и 27. предлог – заклучоци во Записникот од одржаната 52. седница на Општина Кавадарци.

Во ова злодело против природата, но и така плитките џебови на обичните граѓани секако не треба да го заборавиме и МЖСПП, кое претставува послушен помагател и извршител на нивните матни зделки. Да потсетиме, со градењето на мини хидроцентралите не се постигнува никаква финансиска (освен за сопствениците) или енергетска поволност, а сите ние неповратно губиме ендемски видови, работни места и природни ресурси, додека граѓаните плаќаат зголемени сметки за електрична енергија.

Левица во својата програма предвидува решение на овој проблем кој со години го наметнуваат властите:

  1. Одземање и забрана за издавање на концесии за приватни мали хидроелектрани;
  2. Формирање на јавно претпријатие за одржување на малите хидроцентрали кои ќе станат државна сопстве¬ност по истекот на концесијата;
  3. Изградба на хидроцентрали со акумулација, како енергетско ефикасни и еколошки одржливи проекти, без можност за приватизација или јавно-приватно пар¬нерство;
  4. Национализи¬рање на приватните мали хидроцентрали кои се изгра¬дени и функционираат без почитување на законските регулативи (со оваа мерка ќе се укине повластената та¬рифа која ја плаќаат граѓаните кон приватните газди).”

СОВЕТНИЦИТЕ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ВО КАВАДАРЦИ ЗАЕДНИЧКИ ИЗГЛАСАА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ Како и со сите останати…

Posted by Левица on Wednesday, March 31, 2021