АктуелноЛокално

Археолошкиот музеј денес го одбележува Меѓународниот ден на музеите

По повод Меѓународниот ден на музеите 2025 – 18 Мај, од денеска до 18 мај во Археолошкиот музеј во Скопје ќе се организираат настани, под насловот „Музеи, едукација и истражувања“. Настаните ќе се осврнат на современи прашања од археолошката наука, како и на нови пристапи кон интерпретацијата и заштитата на културното наследство. Посебен акцент ќе биде ставен на образовната улога на музеите и нивната поврзаност со пошироката заедница.

Во согласност со годинашната тема предложена од ICOM — „The Future of Museums in Rapidly Changing Communities“, Националниот археолошки музеј го одбележува 18 Мај со богата програма која ја истакнува улогата на музеите како активни чинители во современото општество, соопштија од Археолошкиот музеј.

Како што е најавено, програмата почнува денеска а ќе продолжи и утре, вклучувајќи научни презентации, изложба, предавања и креативна работилница за најмладите.