АктуелноЛокално

Левица: Министерот Тошковски бил адвокат на фирма што добила сомнителен тендер од МРТВ

Партијата Левица обвини дека актуелниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, во минатото бил ангажиран како адвокат на компанијата „Ал Дарив“, која неодамна добила сомнителен тендер во вредност од 600.000 денари од Македонската радио-телевизија (МРТВ).

Според соопштението на Левица, сопственикот на компанијата, Дарко Ќурчиски, има блиски партиски врски со министерот Тошковски, што, како што се наведува, може да било клучно за добивањето на тендерот. Ќурчиски воедно е и осомничен во случајот „Делчевски ниви“, кој пропадна откако сведок во процесот го смени својот исказ. Левица потсетува дека во истиот случај бил инволвиран и Орце Тодоровски, долгогодишен вработен на раководна позиција во МРТВ и дел од бизнисите со хидроцентрали на премиерот Христијан Мицкоски.

„Министерот Тошковски во 2020 година се појавува како адвокат на компанијата ‘Ал Дарив’ во постапка пред Управниот суд за друг тендер. Како е можно истиот тој човек, сега како министер, да има капацитет да истражува дали имало корупција во процесот на доделување на тендери на фирми кои претходно самиот ги застапувал?“, прашува Левица.

Партијата истакнува дека институциите молчат за евентуалниот судир на интереси и потенцијална злоупотреба на функција, и покрај тоа што во случајот се вклучени лица осомничени за сериозни злоупотреби со државно земјиште.

„Само два месеци по падот на случајот ‘Делчевски ниви’, фирмата на Ќурчиски добива тендер во МРТВ, каде Орце Тодоровски и понатаму има раководна функција. Очигледно е дека главниот критериум за добивање тендери денес е блискоста со власта, особено со премиерот и министерот за внатрешни работи“, заклучува Левица.

Целото соопштение на партијата во продолжение: