Мојсоска до ДПМНЕ: „Кога ние го разобличувавме Таравари – Мицкоски уште пиеше кафиња со него и викаше дека многу го респектира“

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку својата објава на Фејсбук жестоко реагираше на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата сугерира дека Арбен Таравари се приклучил на т.н. „оска“ предводена од ДУИ, вклучувајќи ја и Левица.

Мојсоска укажа дека Левица одамна ги разобличувала сомнителните зделки на Таравари, додека лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сè уште одржувал блиски односи со него.

„Нека им пренесе некој дека кога Левица објавуваше за провизиите на Таравари со фирмата ‘ЃОКА’ за паркингот на Клинички, Мицкоски уште идеше на кафиња со Таравари и кажуваше колку го ‘респектирал’“, напиша Мојсоска.

Со оваа изјава, таа укажува на двојните стандарди во комуникацијата на ДПМНЕ и потсетува на минатите поврзаности меѓу опозициските лидери и Таравари. Левица, како што нагласува, била една од првите што ги разобличувала неговите зделки со приватниот сектор, алудирајќи на коруптивни практики во здравствениот систем.

Реакцијата доаѓа во време на зголемени политички тензии и излегувањето на Алијанса на Таравари од владата, кога се отвораат прашања за нови коалиции и меѓупартиски односи.

Целата нејзина Фејсбук објава во продолжение: